Во Групацијата "Дрекселмаер" се горди што нивната фабрика во градба во Кавадарци ја доби првата награда од списанието СДИ за "Најдобар производствен капацитет во 2012". Во студијата на ова списание за трговија кое му припаѓа на "Фајненшл тајмс", беа истражувани над 16.000 странски директни инвестиции во целиот свет. Во фабриката во Кавадарци "Дрекселмаер" инвестира 30 милиони евра и ќе се отворат 4.000 нови работни места во текот на следните години. Горди сме за прво место бидејќи ја признава нашата инвестиција и силната посветеност на групата "Дрекселмаер" во нашата земја. Hаградата не е доделена само врз основа на инвестираниот износ и бројот на работни места, туку подеднакво голема улога играат и други критериуми, како што се: влијанието на компанијата врз економскиот развој на земјата, како и процесот на избор на сајтови и други напори на национално, како и на глобалното ниво.
Во Групацијата "Дрекселмаер" се горди што нивната фабрика во градба во Кавадарци ја доби првата награда од списанието СДИ за "Најдобар производствен капацитет во 2012".
Во студијата на ова списание за трговија кое му припаѓа на "Фајненшл тајмс", беа истражувани над 16.000 странски директни инвестиции во целиот свет. Во фабриката во Кавадарци "Дрекселмаер" инвестира 30 милиони евра и ќе се отворат 4.000 нови работни места во текот на следните години.
- Горди сме за прво место бидејќи ја признава нашата инвестиција и силната посветеност на групата "Дрекселмаер" во нашата земја - рече менаџерот на фабриката ДММ "Дрекселмаер" Производство Македонија, ДООЕЛ, Георги Тренкоски.
Според него, наградата не е доделена само врз основа на инвестираниот износ и бројот на работни места, туку подеднакво голема улога играат и други критериуми, како што се: влијанието на компанијата врз економскиот развој на земјата, како и процесот на избор на сајтови и други напори на национално, како и на глобалното ниво.
Производствениот погон во Кавадарци ќе биде на површина од 52.000 квадратни метри и треба да биде завршен во текот на летото 2014 година.